Реал Мадрид е минато за него: Рамос ги покажа своите нови костобрани

Шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос неодамна потпиша за ПСЖ.

Рамос реши да го напушти Реал Мадрид по 16 години, бидејќи не успеа да се договори со челниците на клубот за продолжување на договорот.

Тој пристигна во Кралскиот клуб летото 2005 година од Севилја за скоро 30 милиони евра и се покажа како полн погодок.

Многумина веруваа дека Рамос ќе ја заврши кариерата во Реал Мадрид, но на крајот тој не успеа да се договори со клубот за нов договор. Условите што ги бараше овој дефанзивец беа превисоки, па затоа Флорентино Перез го одби.

Сепак, Рамос немаше проблем да најде нов клуб затоа што доби неколку интересни понуди одеднаш.

Сепак, Рамос на крајот реши да ја продолжи кариерата во дресот на ПСЖ со кој потпиша двегодишен договор. Тој ги започна подготовките со парижаните и наскоро треба да дебитира за новиот клуб.

Исто така, се чини дека Реал целосно замина во историјата што се однесува до него бидејќи денес доби нови костобрани кои се целосно во знакот на ПСЖ и неговото семејство.