Реал има алтернатива за Мбапе и подготви 120 милиони за неговиот трансфер

Откако остана без Килијан Мбапе, кој по неколкумесечната сапуница реши да потпише нов договор со ПСЖ, Реал тргна по друг офанзивец. Италијанските медиуми пренесуваат дека играчот на Милан, Рафаел Леао, е голема желба на шпанскиот шампион.

„Газета дело Спорт“ наведува дека претседателот на Реал, Флорентино Перез подготвил понуда од 120 милиони евра за 22-годишниот Португалец. Леао оваа сезона постигна 11 гола и забележа 10 асистенции во походот кон Скудетото на Милан. Тој има договор со Милан уште две години, а откупната клаузула изнесува 150 милиони евра.

Доколку Реал го доведе Португалецот за 120 милиони евра, тоа ќе биде најголемиот трансфер во историјата на најтрофејниот европски клуб. Актуелниот рекорд го држи трансферот на Еден Азар во 2019 година од Челзи за 115 милиони евра.