Реал и Тотенхем пред договор: Бејл се враќа во Лондон во спектакуларна трампа

Иако се чинеше дека кариерата ќе ја продолжи во Манчестер Јунајтед, Герет Бејл во моментов е поблиску до враќање во Тотенхем од каде пред седум години се пресели во Реал.

Неговиот менаџер Џонатан Барнет призна дека преговорите се во поодмината фаза и би можеле да финишираат наскоро бидејќи двете страни се расположени за договор. Реал сака да искористи максимум од оваа ситуација и би можел во своите редови да го донесе Деле Али. Всушност, тоа е условот на мадридскиот клуб, Бејл да замине во замена за англискиот репрезентативец.

Преговорите и натаму траат, но можно е до договор до дојде веќе до крајот на оваа недела.