Реал и Барса во трка за играчот кој блеска сезонава

Одличните настапи сезонава кои се само надополнување на остварувањата во минатата сезона на Лаутаро Мартинез му донесоа уште поголем интерес, а неговата цена дополнително се зголеми.

Веќе познато е дека Барселона сака да го виде Аргентинецот во своите редови од идната сезона, на за тоа се прашува и Интер кој нема лесно да се откаже од својата ѕвезда.

Но најновите информации велат дека Каталонците добиле сериозна конкуренција за потписот на Мартинез и во екипата на Реал Мадрид.

„Кралевите“ наводно, е подготвен да ја плати клаузулата за раскинување на договорот на играчот, кој е поставен на 110 милиони евра од Интер.

Мартинез сезонава во дресот на „нераѕурите“ игра одлично. На 28 натпревари во сите натпреварување постигна 16 гола.