Реал и Барса повеќе не смеат меѓусебните персметки да ги нарекуваат Ел Класико

Во последниве месеци односите помеѓу Реал Мадрид и Барселона не се најдобри. Неодамнешниот „случај Негреира“ само ја влоши ситуацијата, но и покрај ривалството, овие два клуба сепак успеваат да бидат партнери барем кога се во прашање некои заеднички стратешки цели, пишува El Relevo.

Една таква цел беше да се заштити името на нивното големо дерби меѓу нив, познато како „Ел Класико“. Сепак, се чини дека ја загубија таа маркетиншка битка со Ла Лига. Шпанскиот завод за патенти го одби барањето на Реал и Барса за заштита на терминот „Ел Класико“ во Шпанија поради можност за забуна и асоцијација со веќе постоечкото име „Ел Класико“.

Тоа значи дека двата клуба не смеат да го користат споменатото име ниту за промотивни цели, ниту при играње пријателски или меѓународни натпревари. Барселона и Реал Мадрид имаат еден месец да ја обжалат оваа одлука. Ова значи дека Ла Лига има ексклузивно право врз терминот „Ел Класико“ и со тоа име ќе се нарекуваат мечевите помеѓу двата големи ривали исклучиво во рамките на првенството, односно евентуалните пресметки во Копа Дел Реј и во Лигата на шампионите нема да можат да се нарекуваат „Ел Класико“. Доколку нивната жалба повторно биде одбиена, тие можат да се обратат до меѓународен суд и да го продолжат правниот процес за да добијат контрола над еден од најсилните брендови во шпанскиот фудбал.