Реал добива пеколна конкуренција за Халанд – во трката се вклучија и од Манчестер

Долго се пишува за идниот клуб на Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд, младиот напаѓач кој буквално ја залуде Европа и повеќето големи екипи го бараат за трансфер во своите редови.

Несомнено дека Реал Мадрид решено стои во редот за ангажман на Ерлинг Халанд, но тоа не значи дека тоа ќе биде неговата дефинитивна и конечна одлука.

За многу работи ќе се прашува и озлогласениот Мино Раиола кој е негов агент, а со оглед на тоа дека Раиола има одредени конекции со Пеп Гвардиола, „кралевите“ добиваат и официјално конкуренција.

Шпански АС денеска пишува дека Манчестер Сити сериозно се вклучува во трансфер битката против Реал, за ангажман на фудбалерот од Дортмунд, кој сигурно нема да чини малку.

Неговата трансфер вредност се проценува на некои 200 милиони евра, а според АС, Гвардиола од неговите шефови побарал да му биде донесен Халанд и конечно идната сезона да ја нападнат ЛШ титулата.