Разочарувањето е огромно: Се беше перфектно и наеднаш го загубив моторот

Ферари доживеа невиден пех во Шпанија, откако Шарл Леклер имаше комотна позиција и трка и можеше лесно да прокнижи победа и нови бодови, но не им успеа тоа.

На скоро половина од трката, Леклер мораше да се откаже поради дефект на моторот, што беше примено со големо разочарување за Моначанецот, бидејки беше во ситуација да ја зголеми предност пред Макс Верстапен, кој беше на 4. позиција во тие м оменти.

Немав никакви сигнали пред да откаже моторот, дека може тоа да се случи, во еден момент, во целост ја загубив силата на моторот. Ќе анализираме што е проблемот, но јасно е дека веќе немаме простор за повторување на вакви работи, мора да најдеме решение“.

„Ја изгубивме предност, но и тоа е во ред. Најважни се нашите перформанси, така да со нетрпение чекам следен викенд и се надевам на добри резултати во Монако. Во оваа ситуација не ни преостанува ништо друго освен да гледаме на иднината позитивно. Овој викенд имавме темпо, но ни се случи несреќа, нешто кое не смееме да го имаме повторно до крајот на сезоната“, истакна Леклер.