Разочарување за фановите на Федекс: Швајцарецот се откажа од Ролан Гарос

Швајцарецот Рожер Федерер одлучи да го заврши својот настап на Ролан Гарос годинава, по само три кола одиграни.

Тој требаше да игра во 4-то коло против Матео Беретини, но по веста за тоа дека Федерер се повлекува, италијанскиот тенисер се пласира директно во следната рунда.

По консултациите кои ги имав со мојот стручен штаб, решив да се повлечам. По двете операции на коленото и една година со рехабилитација, треба да го слушам моето тело што ми вели, а тоа е да не форсирам многу. Сепак, задоволен сум што комплетирав три кола на Ролан Гарос, се гледаме наскоро“, порача Федерер.

Вакво нешто можеше да се насети и пред да почне турнирот во Париз, бидејки Федерер постојано нагласуваше дека не е целосно подготвен за големи напори.