Разочарувачки вести за Шумахер: Не е повеќе човекот што го памтиме…

Вестите за здравствената состојба на Михаел Шумахер се многу ретки откако пред шест години доживеа тежки повреди на скијање на француските Алпи.

Затоа големо внимание предизвикува секоја нова информација како што е онаа на познатиот неврохирург Николо Акјари од престижната клиника во Болоња.

„Михаел Шумахер по шест години повеќе не е човекот што го памтиме од болидот. Иако за него интензивно се грижат познати доктори долго време, многу работи се променети во неговото тело: од органите, преку коските, па до мускулите. Сето тоа е резултат на оштетувањето на мозокот од падот што му се случи“, изјави Акјари.

Сопругата на Шумахер, Корина има цврст договор со сите кои се грижат за здравјето на Шуми, дека не смеат во јавноста да изнесуваат детали за неговата состојба. Оттука е нејасно дали ова што го зборува Акјари е сосема точно бидејќи тој веројатно и не учествуувал во рехабилитацијата на познатиот возач во Формула 1.