Разочараниот Хамилтон го критикуваше својот Мерцедес

Луис Хамилтон се налути на тимот на Мерцедес бидејќи синоќа во трката за Големата награда на САД во Мајами тркачкиот инженер Петер Бонингтон од Мерцедес една одлука одлучи да му ја препушти на Хамилтон.

Бонингон го запраша Британецот дали сака да го искористи излегувањето на безбедносното возило и да ги промени пневматиците во 41-от круг. На крајот неговиот тимски колега Џорџ Расел ги замени пневматиците и подоцна го престигна Хамилтон кој сепак не отиде во боксот.

„Во тоа сценарио јас немав поин кој каде се наоѓа, па потоа во моментите кога од тимот ми рекоа ‘одлуката е на тебе’, јас немам информации за носење таква одлука. Тоа е твоја работа. Донесија таа одлука за мене бидејќи ги имаш сите детали, а јас не. Се потпирам на момците за овие работи, но сега одлуката ми ја препуштија на мемне, а јас тоа не го разбрав“, изјави Хамилтон.

„Кога ви даваат таква одговорност, тогаш имам чувство дека станува збор за коцка, а тоа не ми се допаѓа“, додаде 37-годишниот седумкратен светски првак кој трката ја заврши на шестата позиција.