Разделба со Ѓоковиќ, по 18 години

Долгогодишните менаџери на Новак Ѓоковиќ, Едоардо Арталди и неговата сопруга Елена Капељаро повеќе нема да бидат дел од тимот на првиот светски рекет.

Разделбата со нив доаѓа неполна недела по освоениот 24. Гренд слем, со триумфот на УС Опен, но и по 18-годишна заедничка соработка. Арталди го забележал Ѓоковиќ уште додека работел за „Серџо Такини“, веднаш сфатил дека тој ќе биде најдобар и ѝ го препорачал на италијанската компанија која со него го потпиша првиот спонзорски договор.

Оттогаш, до пред неколку дена, Арталди и неговата сопруга буквално ја водеа кариерата на најдобриот светски тенисер: од распоред на настапи на турнирот, преку организирање на медиумската слика и ПР, до рекламни деловни активности. Капељаро беше задолжена за односи со јавноста и затоа повеќе патуваше со Ѓоковиќ.

Не е исклучено двајцата во иднина да бидат на друга позиција во тимот на Новак, но секако нема да бидат активни како досега.