Шпанскиот репрезентативец Дани Олмо во текот на викендот бил жртва на тежко разбојништво додека се шетал низ Валенсија.
Непознат криминалец му украл часовник вреден 30 илјади евра, а неговиот брат, во обид да го стигне напаѓачот, доживеал телесни повреди. Се се случило во момент кога Олмо излегувал од фризерски салон. На него скокнал крадецот кој точно знаел што сака – часовникот Ролекс кој брзо му го извадил од рака и тргнал да бега.
Брат му се повредил откако го фатил автомобилот во кој се наоѓал крадецот, но не уиспеал да се качи на него и се влечел по земји неколку метри. Морала да интервенира и брза помош за да ги санира повредите.