Раул: Треба само добро да почнеме

644

Македонската ракометна репрезентација попладнево во Клуж го игра реванш бараж дуелот со Романија за пласман на Светското првенство во Германија и данска 2019 година. Нашиот состав предводен од селекторот Раул Гонзалез од вчера е во Романија каде доаптува со предност од 32:24 по неделниот дуел во Скопје.
– Романија дома секогаш игра добро и квалитетно. Треба да бидеме трпеили. За мене нема фаворит. Треба само добро да почнеме во првите 15 минути и да бидеме силни и по можност да имаме предност. Тоа ќе биде добра опција за нас, изјави селекторот Гонзалез.
Кај романските медиуми нема голем интерес за денешниот дуел, а дојде и до промена на локацијата (салата). Така натпреварот ќе се игра во „Хореа Демиан“ со капацитет од 2.500 места, наместо во „Поливалента Арена“ со трипати поголем капацитет.
Можеби Романците посакуваат со притисок и да дојдат до чудо, иако и нивниот селектор Шпанецот Пасквал уште во Скопје најави дека неговата репрезентација е без шанса за пласман на ракометниот Мундијал.
Селекторот на Македонија Раул Гонзалез се реши да настапи со истиот состав со кој играше на првиот натпревар во Скопје, што значи иако отпатува за Клуж голманот Златко Даскаловски ќе остане на трибините.
Натпреварот ќе го суди германската судиска двојка Ларс Гепел и Маркус Хелбиг.