Раул Гонзалес доаѓа во Скопје: Вардар и ПСЖ во иста група!

Актуелниот европски шампион Вардар во групната фаза од Лигата на шампионите ќе игра против ПСЖ, предводен од поранешниот тренер на „црвено-црните“, Раул Гонзалес.

Тоа ќе биде прво доаѓање на шпанскиот стручњак во Скопје откако ја напушти тренерската функција во 2018 година, а неколку месеци подоцна си замина и од селекторската позиција во македонската репрезентација. Заедно со него, против Вардар ќе игра и летонскиот репрезентативец Даинис Криштопанс кој учествуваше во освојувањето на втората титула во Лигата на шампионите, во 2019 година, а кој си замина од скопскиот клуб кога почна корона кризата.

Францускиот првак и претстојната сезона ќе биде еден од фаворитите за трофејот во ЛШ. Раул Гонзалес на располагање ги има Микел Хансен и Никола Карабатиќ, двајцата можеби најдобри бекови во Европа и светот во моментов. Играњето со ПСЖ значи дека Вардар не може да се падне со Нант чиј член е капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров.