Раул: Бахрeин добро се држеше со Шпанија – нема простор за никакво опуштање

Спортклуб од Минхен,

Симеончо Стоиков

Македонската ракометна селекција по стартната победа на СП во Минхен против Јапонија, денес има слободен ден, но тоа не значи дека нема обврски. Утрово од 10:30 часот нашите ракометари се појавија во „Олимпија Хала“ на утринки тренинг.

„Почнавме со победа. Сега треба да се подготвиме, да ја повториме истата игра, но мора да имаме почит и како во мечот против Јапонија. Бахраин играше добро против една Шпанија за која сите знаеме со каков квалитет располага. Имаа само три негатива во еден дел од мечот. Бахраин направи добра работа, не треба да се опуштаме“ изјави нашиот селектор Раул Гонзалез и притоа додаде:

„Штом се пласирале на СП тие имаат некое ниво на квалитет и треба да имаме почит. За нас е битно да имаме што поголема разлика, ова се групи, не знаеме што ќе е случи во следните мечеви. Ако и утре ја повториме истата разлика како против Бахраин ќе бидам задоволен“.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Селекторот Брестовац направи три измени за дуелот против Грција

(ВИДЕО) Сестрите се ХИТ: Промовирана во целост песната посветена за Вардар

(ФОТО) Момир Илиќ во Вардар !?

Писонеро: Во Вардар доаѓам со јасна цел!

Вардар и во новата сезона ќе биде дел од ЛШ – место бараат уште две наши екипи

Столе успешно опериран – Брестовац ќе го нема на располагање против Грција

Објавено како до карти за Македонија – Грција: Мора да бидете брзи

Се случува и тоа во спортот – Грција вечерва и направи огромна услуга на Македонија

(ФОТО) По Борозан, денес уште двајца екс вардарци позираа за новите клубови