ФОТО: Ел Команданте и 16-те избрани за дуелот со Романија!

418

Репрезентативците на Македонија вечерва од 20:30 часот имаат сериозен испит, играат против Романија, во првиот бараж натпревар за пласман на СП идната година.

Гонзалез ги одреди 16 ракометари со кои ќе се обидат да остварат позитивен резултат вечерва во Скопје.

Надвор од составот се оставени голманите Даскаловски и Домовски, исто така во составот го нема и Гоце Ојлески.

Како што рекоа репрезентативците и селекторот, против Романија немаат спектакуларен противник, но прилично незгоден, против кога ќе мора да одиграат максимално ангажирано за да дојдат до посакуваната цел.