Распишана потерница по Новак Ѓоковиќ

Организаторите на Ролан Гарос ја прифатила шегата од Новак Ѓоковиќ и на соодветен начин му одговорија на тоа.

Ѓоковиќ при еден од последните тренинзи, направи штета во тренинг салата, па преку шега се праша дали поради ова неговиот настап ќе биде доведен под знак прашалник.

Од Ролан Гарос ја прифатија таа шегобијна ситуација и одговорија во вид на потерница..

„Дали сте го виделе овој човек?

ИМЕ: Новак Ѓоковиќ.
Последен пат виден: На теренот Филип Шатрие.
Се бара поради: Правење неред во тренинг салата.

Ве молиме да одговорите кога ќе ја видите оваа личност.