Рашфорд повторно клучен за Јунајтед, деби погодок за Вергхорст

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го победија Нотингем Форест на гостински терен во првиот полуфинален натпревар од Лига купот со резултат 3:0.

Јунајтед е на чекор до финалето и првиот трофеј, кој последен пат го освои во 2017 година. Така беше во Лига купот кога беа подобри од Саутемптон во битката за пехарот и во Лигата Европа по победата над Ајакс.

„Ѓаволите“ постигнаа гол веќе во шестата минута. Рашфорд ја помина целата одбрана на Нотингем Форест и лесно стигна до голот на Хенеси и ја затресе мрежата.

Дваесетина минути подоцна Форест постигна брз гол, но истиот беше поништен поради офсајд.

Манчестер го постигна вториот гол во вистинско време. Антони шутираше, Хенеси го одбрани овој налет, но одбиената топка стигна до Вегхорст, кој дојде во Манчестер во овој преоден рок.

Немаше големи прилики по враќањето на теренот, падна енергијата кај двете екипи. Двајцата тренери направија неколку промени, особено Тен Хаг, внесоа неколку млади играчи и полека го затворија натпреварот.

Во 79. минута Пелистри се обиде по десната страна, нафрли на Вегхорст, но Холанѓанецот не беше доволно прецизен да постигне уште еден гол.

Точка на мечот стави Бруно во 89. минута. Практично беше сам пред голот и лесно постигнува гол.

Реваншот на овие два тима ќе се одигра на 1 февруари кога на „Олд Трафорд“ ќе биде Манчестер Јунајтед.