Рангник нема да го води Јунајтед против Арсенал, пристигна објаснување од Островот

Манчестер Јунајтед и Арсенал во четврток го играат големото дерби во рамките на 14. коло од англиската Премиер лига.

Се очекуваше на клупата на „Ѓаволите“ на овој натпревар да дебитира Ралф Рангник кој вчера официјално беше назначен за нов тренер на екипата.

Рангник во Јунајтед доаѓа на местото на Солскјер, а се очекуваше германскиот стручњак да дебитира на клупата на Манчестер да дебитира во дербито со Арсенал, но од клубот од „Олд Трафорд“ потврдија дека тоа нема да се случи и објаснија зошто.

Имено, Рангник се уште не може да дебитира за Јунајтед бидејќи неговата виза не е завршена, но мора и да ги испочитува Ковид протоколите кои важат во Велика Британија.

За потсетување, мечот меѓу Јунајтед и Арсенал се игра в четврток од 21:15 часот.