Рангник ја прифати понудата на Јунајтед, но си го погаза претходно кажаното..

Новиот тренер на Манчестер Јунајтед, кој ќе ги води „црвените ѓаволи“ до крајот на сезоната, Ралф Рангник си го погазал претходно кажаното.

Тој и претходно бил убедуван од страна на неколку премиерлигашки екипи за ангажман, но сите тие понуди биле за привремено решение.

Тој сите ги одбил, го одбил Челси, сакал да го одбие и Јунајтед, но откако во Манчестер му дале уверување дека тој и понатаму ќе биде дел од структурата на клубот, односно како еден од главните во спортскиот менаџмент, тој решил да ја прифати понудата.

Но сепак, останува кажаното од претходно, изјава која секако не може да ја избрише.

Јас не сум тренер кој треба да ме гледаат како привремено решение“, беше одговорот некогаш на Рангник.