Рангник го прецрта Матиќ, во јануари стигнува засилување за средината од теренот

Новиот привремен менаџер на Манчестер Јунатед, Ралф Рангник веќе почна да ги прави плановите за јануарскиот преоден рок во кој ќе се обиде да донесе соодветни засилувања за амбициите на тимот.

На Островот тврдат дека тој нема да смета на Немања Матиќ, а во јануари ќе донесе играч за средината од теренот, односно последен играч за врска. Станува збор за фудбалерот на Лапциг, Амаду Хаидара, играч кој токму тој го донесе во бундеслигашот.

Хаидара е дел од планот на Рангник да ја подмлади екипата, а во исто време да не потроши многу пари. Првата идеја на челниците на Јунајтед беше Диклан Рајс, но за него се бараа 100 милиони евра што е премногу и за клубот од Олд Трафорд.