Рамос се исчисти од картони, ама може да добие суспензија

Практика на Реал Мадрид уште од времето на Мурињо е фудбалерите се исчистат од жолти картони кога им следува натпревар што не е многу важен.

Традицијата ја продолжи Серхио Рамос кој во финишот од дуелот со Ајакс беше јавно опоменат за груб старт врз противнички фудбалер и нема да игра на реваншот во Мадрид. По натпревар призна дека намерно добил жолт картон.

„Ако се има предвид конечниот резултат, ќе излажам ако кажам дека не форсирав да го добијам. Не го потценувам противникот и не мислам дека сме го елиминирале, но во фудбалот треба да се преземат тешки одлуки“, изјави Рамос по натпреварот.

Сепак, откако дозна дека може да биде суспендиран на подолг рок, тој се огласи на Твитер каде дополнително ја објасни ситуацијата.

„Потенцирам дека санкцијата ми причини голема болка. Не сакав намерно да добијам картон. Сега од трибината ќе го поддржам Реал и како навивач ќе се надевам дека тимот ќе стигне до четвртфиналето“, напиша капитенот на Реал.

Шпанските медиуми потсетија дека на идентичен начин тој се исчистил од картони и во 2010 и 2013 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова жртва и трагедија во семејството Сала: Ништо не е веќе исто за нив овие неколку месеци

Адебајор раскажа анегдота: Како Мурињо беснееше во соблекувални поради Роналдо

Силна најава на Скај Спорт: Азар и Погба во пакет кај Зидан

Вирусот повторно актуелен – Рој Кин анализира што ќе му направат на Оле Солскјер

Јанев до пред неколку месеци беше незаменлив во Беласица, а пред него сега е најважната животна битка

Тито Виланова на шест дена пред смртта го повикал Меси и со својот потег ја спасил Барселона

Првиот фудбалер кој летово ќе го напушти Јунајтед, ќе се пресели во Арсенал?!

Докторот му најавил дека ќе умре, а тој почина следниот ден за време на натпревар

Потврдено: Барса подготви огромна сума на пари за ѕвездата на преодниот рок