Рамос прави свадба – го покани Пике, ама го нема Роналдо!

На 15 јуни капитенот на Реал, Серхио Рамос и неговата свршеница Пилар Рубио официјално ќе стапат во брак иако заедно живеат долго време и имаат деца.

Шпанските медиуми го објавија списокот на гости, ќе ги има над 500, а меѓу нив, разбирливо, и голем дел од светот на фудбалот. Најголемо изненадување е поканата кон Жерард Пике, непријателот на Реал со кого Рамос имаше многу вербални и физички дуели на терените. Од Барселона се поканети уште Жорди Алба и Серхио Бускетс, колеги на стоперот од шпанската репрезентација.

Но, куриозитет е тоа што го нема Кристијано Роналдо, фудбалерот со кого Рамос играше девет години во Реал. Медиумите велат дека причина за тоа е лутината на капитенот затоа што португалскиот ас одлучил да си замине од Бернабе минатото лето.