Рамос: Ако можеше Канаваро да ја освои „Златната топка“, зошто не и Ван Дајк

Првпат по 2006. година би можело да се случи „Златната топка“ да заврши во рацете на дефанзивец!

Според коефициентите на најрелевантните светски обложувалници меѓу најголемите фаворити за освојување на ова ласкаво признание е Вирџил ван Дајк. Во неговиот напад на титулата силен аргумент секако е освојувањето на ЛШ со Ливерпул, како и одличните игри кои во континуитет ги пружа за англискиот тим.

Меѓу оние кои веруваа дека не би било незаслужено „Златната топка“ да ја освои Ван Дајк е и капитенот на Реал Серхио Рамос.

„Ако можеше Канаваро да ја освои, зошто не и Ван Дајк?“, изјави Рамос во разговор за „АС“, па додаде:

„Имаше одлична сезона. Обично кога станува збор за овие награди зборуваме за Роналдо или Меси, но би било убаво и доколку се случи некој друг играч да ја освои наградата. Ако Ван Дајк победи, ќе му честитам“, истакна тој.

Рамос беше запрашан и дали Роналдо е најдобриот играч со кој некогаш играл.

„Тешко прашање. Играв со многу добри фудбалери, но Роналдо секако е меѓу најдобрите, како во Реал, така и во фудбалот воопшто. Не смеам да го заборавам ни бразилскиот Роналдо, потоа Карлос, Касиљас, Раул…“.

Вирџил ван Дајк претходно беше прогласен за најдобар играч во Премиер лигата, а неодамна беше прогласен за најдобар играч во Европа според УЕФА.