Рамноправни во два сета, во третиот целосно надиграни од Турција

Македонските одбојкари денеска го претрпеаа вториот пораз во своето деби на Европскиот шампионат во Словенија.

Иако загубивме со 3:0, првите два сета можеа да бидат поинакви, бидејки не загубивме со многу разлика, првиот со 25:22, додека вториот со 25:23.

Сепак Турција се покажа како силен противник, кој по Финска, ни го нанесе вториот пораз и скоро не отпиша од понатамошен пласман.

Отпорот на македонските одбојкари тотално затаи или попушти во третиот сет, кога бевме надиграни за сите пари, 25:13.

Утре од 17:30 часот македонските одбојкари ќе играат против актуелниот европски првак Русија,с елекција која вечерва до 20:30 го игра мечот против Белорусија.