Ралф Шумахер не верува дека Ферари намерно го дискриминира Фетел

Поранешниот Ф1 возач и брат на германецот Михаел Шумахер, Ралф, не е уверен дека италијанската екипа намерно го дискриминира четирикратниот Ф1 возач Себастијан Фетел.

Многу полемика постоеше околу Леклер и Себастијан Фетел, добар дел од фановите на Ферари сметаат дека тимот од Маранело го форсира младиот Леклер пред Фетел, но Ралф Шумахер смета дека нема основа за такви обвинувања.

Нема смисла да ставате некој возач во неповолна ситуација, затоа што ви требаат бодови од двата болида. Тоа никој неможе да го докаже. Факт е дека со Фетел не се постапуваше добро. Првата голема пауза се случи минатата година во Монца, откако екипата застада зад Леклер во аферата заветрина“.

„Тимот се повеќе размислуваше во правец на Леклер. Треба да се признае дека Ферари малку како да се посвети на Леклер и Фетел беше ставен во втор план, но далеку од тоа дека го дискриминираат. Минатата сезона имаше трки во кои Фетел беше потполно втора класа“, истакна Ралф Шумахер.