Ралф Шумахер го лоцира проблемот на Ферари

Некогашниот Ф1 возач, Ралф Шумахер, ја искоментира ситуацијата во Ферари и се обиде да посочи каде тој го гледа нивниот проблем.

Според братот на Михаел Шумахер, Ферари колку и да има добар болид, слаба карика се двајцата актуелни возачи, Леклер и Саинц.

Ферари уште еднаш не ги исполни очекувањата, тие оставија добар впечаток на почеток од сезоната со работата на Фред Васер. Многу работи се случија, но актуелен проблем кај нив се возачите. За мене Шарл Леклер и Карлос Саинц, едноставно не се доволно константни. Самиот Леклер рече дека болидот погрешно го наместил, спротивно на советите од инжинерите“.

„Тој со своите грешки покажува доза на незрелост или можеби не е доволно константен за да освои титула светски шампион. Саинц е редовно зад Леклер, во трка е секогаш бавен, а вози пребрзо во боксовите и поради тоа доби казна во Баку. Тимот на Ферари е добар, но не и возачите“, заклучи Ралф Шумахер.