Ракометарот на Рајн Некар Левен – позитивен на Корона вирус!

Данскиот репрезентативец и ракометар на Рајн Некар Левен, Мадс Менса, бил позитивен на тестот за Корона вирус.

Овој ракометар минатата недела имал симптоми слични на грип, а потоа бил подложен на серија тестови, каде било утврдено дека и тој е инфициран.

Како што рекоа од клубот каде настапуваше и македонскиот ракометар Филип Талески, ракометарот се чувствува добро, сега е во 14 дневна изолација.

„Во постојан контакт сум со нашиот докторски дим, ќе сториме се што е во наша можност да го забавиме движењето и ширењето на овој вирус. Свесни сме со нашите обврски и одговорност во овој тежок момент. Здравјето на нашите играчи и вработени е наша главна цел“, изјави директорката на РНЛ, Џенифер Кетеман.