Ракометарите со победа во Клуж ќе стигнат до дополнителниот бонус

982

Македонската ракометна репрезентација попладнево од 17:30 часот го игра реванш баражот со селекцијата на Романија. Со триумф македонските ракометари ќе добијат и награда во висина од десет илјади евра. Ова е дополнителен бонус ако Македонија ја совлада Романија на двата бараж дуела.

На седница на Управниот одбор на РФМ од 11.април годинава беше одлучено играчите да бидат парично наградени од 30.000 евра за пласман на Светското првенство во 2019 година, што ќе се одржи во Германија и Данска.