Рафа Надал ќе го подигне трофејот на Ролан Гарос годинава!

Шпанскиот тренер Тони Надал, кој е всушност чичко на Рафа Надал и негов поранешен тренер, смета дека неговиот внук оваа година ќе го освои Ролан Гарос, без оглед на тоа што периодов има големи проблеми со повредите.

Ѓоковиќ триумфираше во Мелбурн и на тој начин се изедначи по бројот на гренд слем трофеи со Рафаел Надал, со по вкупно 22.

Вистина е дека Рафаел има исцрпено тело, но исто така е дека игра професионални натпревари од свои 16 години и за тоа мора да платите некогаш. Топката се движи со голем интензитет напред, во такви услови телото некогаш не издржува до крај, денес или утре. Верувам дека Рафа годинава ќе го подигне трофејот на Ролан Гарос, а потоа… ќе видиме“, истакна Надал.

Тој индиректно одби да каже што мисли околу кариерата на Надал, дали ќе се пензионира по завршувањето на 2023 година.