Радукану како женски Терминатор: Подига нестварни тежини во сала

Британската тенисерка Ема Радукану, демонстрираше импресивна сила на еден од своите последни тренинзи, каде подигна скоро четири пати повеќе од нејзината реална тежина.

Младата тениска надеж успеа да подигне 180 килограми, во моментит додека нејзиниот спаринг партнер или тренер ја бодреше.

Ема Радукану која има 55 килограми, на социјалната мрежа Инстаграм напиша: Силен крај на неделата со добри бројки“.

Веднаш потоа можеа да се видат коментари во знак на поддршка за нејзините напори.

Да потсетиме, Ема Радукану минатата година ја заврши сензационално, освојувајки го неочекувано УС ОПЕН во женска конкуренција, додека годинава на Австралија Опен доживеа разочарување веќе во 2. коло од црногорската тенисерка Данка Ковиниќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 艾玛 (@emmaraducanu)