Радукану ја прашаа за најважната одлука во кариерата: Па нема да брзам со тоа

Шампионката од УС ОПЕН, младата и надежна Ема Радукану, се уште не размислува за сопствен тренер, иако од тоа може да и зависи и кариерата.

Девојката која пред неколку недели го шокираше светот на тенисот, со освојување на УС ОПЕН, ќе игра следните денови прв пат после успехот во Њујорк.

Ќе настапува на Мастерсот во Индијан Велс, а со неа таму ќе биде привремениот тренер, Џереми Бејтс.

Џереми е дел од тимот за женски тенис, така да, тој е овде да ми помогне. Што се однесува до некој иден период, ќе почекам додека го најдам вистинскиот тренер, нема да брзам со одлуката“, порача Радукану.

Таа потенцира дека нема да го менува стилот на игра кој го негува и дека ќе продолжи така како и досега во кариерата.

Ништо нема да менувам, до оваа точка стигнав затоа што работев сосема различно од останатите, ќе продолжам со оваа работа“, се надополни Радукану.