Радикален потег на Ѓоковиќ по победата над Димитров

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласира во осминафиналето на Австралија Опен, откако го победи Григор Димитров во три сета, па повлече радикален потег.

Со оглед на тоа дека во Мелбурн игра со повреда која ја влече веќе извесен период, дури и пред Аделаида, Новак Ѓоковиќ реши да го продолжи турнирот, но да не тренира во слободното време.

Ѓоковиќ денеска требаше да одработи тренинг, пред утрешната пресметка против Алекс де Минор, но веројатно процени или му беше советувано од лекарите дека не треба да ризикува и да ги сочува силите за утрешниот меч.

Доколку го елиминира Австралиецот, Ѓоковиќ веќе во четвртфиналето ќе има сериозен противник од шинелот на Андреј Рубљев или Холгер Руне.