Работнички дојде до брејк против Куманово, финалето е на прагот

438

Најтрофејниот кошаркарски колектив во Македонија, екипата на Работнички, се наоѓа на прагот да обезбеди финале во плеј-офот од македонското првенство, откако во вториот натпревар на гостински терен кај Куманово направи брејк со победа од 82:68 и поведе со 2:0 во серијата која се игра до три победи.

По одличната игра на првиот меч во „Градски парк“, тимот на Марин Докузовски славеше и на гости. Гостите го диктираа темпото во текот на целиот натпревар, па на крајот заслужено се радуваа на победата.

Јасно беше дека Работнички ќе си замине со победа од Куманово уште по првата четвртина која заврши со 28:12 во корист на гостите. Куманово не се откажуваше, но немаше решение за големиот фаворит.

Најефикасен во редовите на Работнички беше Чавдар Костов со 20 поени, Маркус Гинјард заврши со 16, исто колку и Еванс. На спротивната страна, Јанески беше најдобар со 17 поени, а двоцифрен беше и Стајиќ со 10 поени.

Третиот меч од полуфиналната серија се игра во „Градски парк“.