Работнички подобар од МЗТ, познати двојките за полуфиналето

Актуелниот шампион Работнички го победи МЗТ Скопје со 88:84 во последното коло од Суперлигата.

Триумфот е остварен благодарение на подобрата игра во второто полувреме во кое бранителот на титулата имаше и двоцифрена предност. Најдобар играч беше Чавдар Костов кој постигна 24 поени и 12 скока, Мираковски додаде 17 поени со четири тројки, а Стајиќ 14.

Во екипата на МЗТ Скопје, најефикасен беше Иве Иванов со 18 поени, а Самарџиски поствари дабл-дабл со 13 поени и 15 скока.

Познатисе и двојките за полуфиналето од плеј-офот кој почнува в недела. МЗТ Скопје како првопласиран ќе се сретне со Гостивар, а Работнички со Блокотехна. Полуфиналето се игра во два добиени натпревара.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црвена Звезда го победи Партизан за 2:1 – „црвено-белите“ на чекор од титула

Томпсон на долга рехабилитација – што сега со неговиот договор во Голден Стејт?

Зад новиот НБА шампион стои Македонец

МВП на финалето од НБА со тажна животна приказна

Торонто испиша историја – нов НБА шампион

Титулата се врати во Аеродром: МЗТ му удри „метла“ на Работнички за седми трофеј во историјата

Баркли посочи со прст кон виновникот за повредата на Кеј-Ди

ВИДЕО: Драмата во Пионир резултираше со тројка на Партизан: Раде Загорац како Кецман!

Нено Димитријевиќ сепак се повлече од НБА драфтот во кој требаше да учествува