Поранешниот шампион на Македонија, Работнички славеше убедлива победа против Чачак во мечот за третото место на турнирот што се одржува во бугарскиот град Плевен.
По вчерашниот пораз од Балкан со 83-86, тимот од Градски парк денеска го совлада српскиот Чачак со 76-66, демонстрирајќи далеку подобра игра во одбраната. Уште по првата четвртина, Работнички направи предност од пет разлика (15-10) која ја задржа до крајот на полувремето (39-34), а во продолжение, благодарение, меѓу другото, на шутот од далечина ја удвои и дојде до двоцифрен триумф.
За Работнички, новата сезона почнува на 27 септември со дуелот од првото коло на домашното првенство против ТФТ Моцарт, а веќе следната недела го очекува настапот на квалификацискиот турнир за ФИБА Европа купот кој ќе се одржи во Скопје.