Работнички има мега-засилување!

Многу пати во минатото, особено во периодот кога суверено владееше во македонската кошарка, Работнички знаел со еден трансфер на средина од првенството да го смени текот на сезоната и да дојде до титулата.

Во 90. години од минатиот век, на пример, такви беа случаите во сезоните 96/97 и 97/98. Во првата, на половина сезона беше донесен Драгутиновиќ кој ја спаси сезоната и заедно со Давитков, Јовановски, Војновиќ и останатите донесе шампионска титула, а во втората, по неколку одиграни кола ги смени странските кошаркари (тогаш во домашното првенство смееја да играат само двајца странци), ги донесе Видачиќ и Смиљаниќ и потоа ја освои двојната круна. Нема да биде чудо ако такво нешто се случи и сега.

Целиот текст прочитајте го на следниот ЛИНК.