Работите отидоа предалеку: Иванишевиќ позитивен на Ковид19

Очигледно дека се шири фронтот и бројот на заразени од Ковид19, по одржувањето на турнирот Адриа Тур во Задар.

По Новак Ѓоковиќ, Борна Чориќ, Григор Димитров и уште неколкумина, вирусот очигледно го закачил и хрватскиот екс тенисер Горан Иванишевиќ и тренер на Ѓоковиќ.

Тој веста ја потврди за медиумите во Хрватска и излезе со соопштение на Инстаграм.

По два негативни теста овие 10 дена, штотуку дознав дека сум позитивен на Ковид19. Немам симптоми и се чувствувам добро. Продолжува во самоизолација, а на сите заразени им посакувам брзо опоравување“, истакна Иванишевиќ.