Путин од Кремљ се јави со моќна порака за победата на Медведев над Ѓоковиќ

Данил Медведев приреди позитивен шок за неговите навивачи во Русија и во дел од Европа, кога успеа да го сруши големиот фаворит Новак Ѓоковиќ.

Ова за Медведев е прв голем трофеј од Гренд слем турнирите, па веруваме дека ова може да му биде само поголем поттик, за во иднина уште повеќе да напредува, да се залага и да ги напаѓа трофеите.

Еден од најимпресионираните со трофејот од УС ОПЕН на Медведев е и актуелниот претседател на Русија, Владимир Путин, кој му честиташе.

На пат кон овој голем успех демонстрираше највисок степен на вештини и трпение во достигање на целта, а во одлучувачкиот меч играше самоуверено и смирено, не оставајки му шанса на реномираниот противник. Така играат вистинските шампиони“, порача Владимир Путин.

Сигурно дека е гордост и за цела Русија, кога еден руски тенисер ќе се искачи на тронот среде Америка.