Пуштени во продажба влезниците за Вардар – Порто: познати и цените

Вардар пред два дена со победа стартуваше во новата сезона во ЛШ, каде го имат епитетот актуелен европски шампион, против Монпеље со 33:31.

Денеска управата на клубот ги пушти во слободна продажба поединечните влезници за првиот домашен меч во ЛШ, против екипата на Порто.

Црвено-црните отвараат во Скопје со прв натпревар на 22 септември, мечот се игра од 17 часот, а цената на влезниците изнесува 400 денари.

Освен на билетарницата, влезници можат да се набават и преку интернет на ticketplus.mk.