Пуштени во продажба билетите за ракометниот Куп на Македонија

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) официјално ги пушти во продажба билетите за претстојниот „Фајнал-фор“ (Ф4) турнир во рамките на Купот на Македонија.

Овогодишниот ракометен празник ќе се одржи во Струмица, а салата „Парк“ ќе биде епицентарот на машкиот и женскиот ракометен крем.

Љубителите на ракометот ќе имаат прилика со само еден купен билет да ги проследат сите полуфинални натпревари закажани за 17 и 18 април.

Цената на билетот за еден ден изнесува 400 денари, што овозможува пристап до двете полуфиналиња во машка и двете полуфиналиња во женска конкуренција.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО