Напаѓачот на американската репрезентација Кристијан Пулишиќ по ремито против Англија на Светското првенство во Катар изјави дека противничката селекција е „одличен тим“.
„Колективно дадовме многу солиден настап против многу добар противник“, изјави Пулишиќ, кој беше прогласен за најдобар играч на натпреварот.
Според него, Американците покажале самодоверба во мечот и покрај тоа што се натпреварувале против „голем тим“.
„Се надеваме дека направивме многу луѓе горди во земјата. Мораме да бидеме горди и тоа ни дава самодоверба за последниот натпревар каде победата ќе биде императив“, рече Пулишиќ.
Фудбалерите на Англија и САД одиграа нерешено 0:0 синоќа во Доха, во натпреварот од второто коло од групата Б на Светското првенство. Во следното коло Англија во вторник ќе игра против Велс, додека Америка истиот ден ќе се сретне со Иран.