Пукна тиквата: Мауро ја мамел Ванда, таа дознала

На Ванда Икарди изгледа ѝ се врати од истото оружје кое таа го користеше против својот поранешен сопруг Макси Лопес.

Неколку години го мамела својот тогашен партнер со Мауро Икарди за потоа да го остави и да венча со сегашниот член на ПСЖ. Кармата доаѓа по наплата сега бидејќи, наводно, Ванда открила дека напаѓачот неа ја мамел поради што денеска објави неколку контроверзни пораки на социјалните мрежи, а потоа престанала да го следи фудбалерот на Инстаграм.

„Уште едно семејство уништи поради ку*ва“, напиша менаџерката и водителка на социјалните мрежи и тоа предизвика големо влијание во јавноста.

Засега нема официјална потврда, ниту информација што се случило, но веројатно сето тоа ќе се дознае следните денови.