Пукна работата во Минхен: По само 4 минути, агентот на Нојер го напуштил состанокот

Мануел Нојер на крајот од оваа сезона, би можел да го напушти Баерн Минхен, барем така зборуваат податоците кои доаѓаат од Бундеслигата.

Нојер со Баерн Минхен е договор на верност до 2021 година, а во тек биле преговори за нов долготраен договор на искусниот 33 годишен голман.

Но угледниот германски весник Билд сега пишува дека има сериозна разлика во видувањата на двете страни, кај агентот на Нојер и кај управата на Баерн.

Билд во своите дневни изданија сега пишува дека по само 4 минути од состанокот помеѓу агентот на Нојер и претставниците на Баерн Минхен, агентот го напуштил истиот.

Наводно агентот бил лут на челниците во Баерн (Салихамиџиќ и останатите), кои според него доставиле смешно мала понуда за ветеранот.

Таквата информација значително ќе ги закомплицира односите меѓу голманот и клубот, па доколку не потпише нов договор, веќе следното лето би можел Нојер да си замине бесплатно.