ПСЖ заинтересиран за младиот голман на Јунајтед, Де Геа сега станува проблем во Манчестер

Со години веќе најдобар играч на Манчестер Јунајтед и без оглед на повремените грешки во последната сезона, сепак неприкосновен број еден на „Олд Трафорд“. Меѓутоа, овојпат Давид Де Геа би можел да биде и проблем за Јунајтед, бидејќи ПСЖ е заинтересиран за суперталентираниот голман Дин Хендерсон, кој блесна на позајмицата во Шефилд Јунајтед.

Проблемот е што 22-годишниот голман многу добро знае дека покрај Де Геа нема да добие шанса што останатите клубови се обидуваат да го искористат и да го привлечат во своите редови. „Дејли Мејл“ под ознаката ексклузивно тврди дека и ПСЖ е застанат во редот, како и дека Хендерсон веќе некое време го следат и Челзи и Тотенхем. Секако и Шефилд Јунајтед.

Јунајтед најмногу би сакал да го задржи како долгорочно решение на гол-линијата, но договорот на Хендерсон истекува во 2022, а на Де Геа во 2023. Јасно е дека Манчестер Јунајтед ќе треба да го држи задоволен, а тоа не е лесно кога еден фудбалер не игра.

Секако, никој не би му гарантирал место на стартен голман ни во било кој друг клуб, но заинтересираните клубови може да му ветуваат се и сешто. Јунајтед го нема тој луксуз, бидејќи Хендерсон е во клубот уште од 2011, од 2015 е професионалец, беше на позајмици во Стокпорт, Гримзби, Шрузбери и Шефилд и многу добро знае дека тешко ќе дојде до голот покрај поискусниот Шпанец.

Кепа Аризабалага, пак, не воодушевува во Челзи и не е тајна дека „Сините“ ги разгледуваат своите опции, Уго Лорис од Тотенхем веќе има 33 години, колку што има и Кејлор Навас од ПСЖ.

Уште еднаш, тука е и Шефилд Јунајтед кој не смее да се заборави, а го лансираше Хендерсон во ѕвездите. Сите посакуваат млад, добар голман, но кој ќе успее да го добие, останува да се види.