ПСЖ се подготвува за животот без Мбапе: Замената во нападот е српски репрезентативец

Напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ треба да биде замена за Килијан Мбапе ако Французинот на крајот од сезоната го напушти ПСЖ и замине во Реал.

Во парискиот гигант се повеќе веруваат во таа опција, па веќе почнале да ги разгледуваат можностите околу замената на Мбапе. Влаховиќ одбива да го продолжи договорот со Фиорентина, па на крајот од сезоната ќе биде последна можност за калчолигашот да заработи нешто на него со оглед дека станува слободен играч во 2023 година..

Во конкуренција се уште Ерлинг Халанд и Роберт Левандовски, но овие двајца имаат договори со своите клубови, со богати клаузули. Фиорентина летоска одби 60 милиони евра за својот фудбалер, но веднаш потоа почнаа несогласувањата и војната меѓу Србинот и управата, односно сопственикот на клубот.