Тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтиер изјави дека се обидува да донесе напаѓач. „Л’Екип“ пишува дека Маркус Рашфорд е една од метите на парижаните, веројатно најголема до крајот на овој преоден рок, во кој парискиот клуб веќе направи голем број големи зделки. Не се знае колкава би била потенцијалната понуда.
Англискиот репрезентативец има 24 години, игра како лево крило или централен напаѓач, а минатата сезона постигна пет гола за Јунајтед. Неговиот договор со Манчестер Јунајтед истекува за една година, што значи дека ПСЖ ќе може да го добие за намалена цена, секако пониска од сумата од околу 100 милиони евра која беше спомената претходно.
“ПСЖ планира нова спектакуларен трансфер. Овој пат на мета е играч кој го загуби животот во Манчестер Јунајтед и не може да ја најде вистинската форма, а тоа е Маркус Рашфорд. Галтиер и Кампос се согласуваат, тој е главната цел на ПСЖ до крај на преодниот рок“, пишува L’Equipe.