ПСЖ пак им приреди инфаркт на навивачите – се спаси во 94. минута

ПСЖ славеше со 2-1 на гостувањето кај Мец во рамки на седмото коло во Лига 1 и го задржа максималниот учинок. Но, „светците“ добро се намачија за да ги освојат трите бода бидејќи голот за победа го постигнаа во судиското продолжение.

Ашраф Хакими уште во петтата минута го отвори резултатот и тоа навестуваше катастрофа за домаќинот, но така не мислеа фудбалерите на Мец. Корнерот на Геје во 37 минута и правовремениот скок на Чичи Кујате помеѓу Маркињос и Данило донесе израмнување на резултатот.

До крајот на првиот дел, Мец можеше да и да поведе доколку Кејлор навас не интервенираше по шутот на Сар. ПСЖ сепак на крајот ги освои трите бода благодарение на вториот гол на Ашраф Хакими во 94 минута.