ПСЖ изнесе нови детали за повредите на Мбапе и Верати пред Аталанта

ПСЖ денеска ги соопшти фитнес вестите за дел од играчите за кои е неизвесно дали ќе бидат дел од следните мечеви во ЛШ.

Мбапе се повреди пред две недели на мечот против Сент Етјен, додека Марко Верати и неговата повреда се уште свежи и не се знае многу за нив.

ПСЖ им должеше соопштение на навивачите и тоа го направи:

Верати вчера прими тежок удар за време на тренингот и беше пратен на скенирање, а се утврдило дека има повреди на мускулот, кој сигурно ќе го следиме овие 3-4 дена. Мбапе продолжува со опоравувањето според планираното, се врати на трчање и одработува лесни тренинзи без топка“, соопштија од ПСЖ.

Мечот со Аталанта се игра на 12 август.