Новиот шеф на Ферари, Фредерик Васер, смета дека новиот болид на Ферари СФ23, може сезонава во директна битка да го добие Ред Бул.
Тие зборови и не се така уверливи по првата трка во која Ферари повторно покажа недоверба во погонската единица на болидот и ред други ситни проблеми поради кои Леклер мораше да се откаже од тркање на отварањето на новата сезона.
„Потполно сум сигурен дека можеме да ги добиеме Ред Бул. Доколку сумираме, би рекол дека сме тука некаде, им парираме во квалификациско темпо. Но мора да бидеме потполно реални, ако сакаме да се подобриме, мора да имаме појасна слика за болидот, а самодовербата не е на потребното ниво“, порача Васер.
Сигурно не беше позитивно за Ферари тоа што Леклер се откажа од трката, но Васер и неговиот тим самоуверено работат на подобрување, односно елиминирање на аномалиите на болидот.